Еве зошто Каракамишева нема потреба да се исели и не сфаќа зошто младите се иселуваат

0
1153

Еве зошто Каракамишева нема потреба да се исели од државава и не може да сфати зошто младите се иселуваат:

7858548943-670x312

Има стан од 95 квадрати (што вреди над 90 илјади евра), куќа со двор во Дојран, вози џипче Тојота Рав, а има и БМВ Х3. Зема плата од 52.000, плус непознати хонорари како функционер (Член на надзорен одбор на Македонска пошта и член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование), плус непознати хонорари како член на неколку комисии. Не пишала колку хонорари зема за емисијата што ја води на радиото кое се поврзува со Мијалков и за колумните што ги објавува во „Дневник“ (исто под контрола на „бате Саше“). Сопругот (кој исто има ауто) ја вози на моторчиња Хонда и Јамаха.

Во 2013 година Каракамишева била избрана за научник на годината од Сенатот на УКИМ, предложена од комисија во која самата била член!

„Научникот на годината“ ни соопшти резултати од нејзини истражувања (внимавајте, од „репрезентативен примерок“ од 30-тина студенти) која е најчеста причина за заминување на младите: „…најголемиот дел не заминале во странство заради недостаток на пари, туку заради духовна неисполнетост, нереализираност на приватен план, како и поради чувството на љубовна празнина во домот… поради невозвратена и непреболена љубов…“

Ова не е смешно луѓе. Ве молам, немојте да се смеете, туку ставете прст на чело. Ова е универзитетска професорка која е во секојдневен контакт со младите, ова е „научник на годината“, ова е член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, ова е уставна „експертка“ кој секоја втора вечер соли памет во медиумите и сее омраза кон опозицијата и критичарите на власта.

Жарко Трајаноски – Фејсбук статус