ЕКСКЛУЗИВНО : ,,ГРОМ” НА СТЕВЧЕ МУЊА ПУКА ПО СИТЕ ШЕВОВИ, ИМ ЛЕТААТ ПАРТИСКИ ЗАПИСНИЦИ ОД ЦИШ НА СИТЕ СТРАНИ

0
1786

Редакцијата на Народен Глас дојде до партиски записник од состанок на ЦИШ на ,,ГРОМ” од Стевче Јакимовски каде што според записникот до кој дојде нашата редакција состанокот на конвертитите од ,,ГРОМ” се одржал на ден 09.02.2016 година.

Ова е уште еден показател дека партиите кој што се мотаат околу Груевски пукаат од внатре по сите шевови, и уште еден показател дека е видно незадоволството на членството од ,,ГРОМ” каде што според нашите извори од таму велат дека таа партија се претворила во обично профитерско друштво кое има крајна цел да исполни одредени лични интереси користејќи и злоупотребувајќи ги државните институции и бенефициите од власта на Груевски и Мијалков.

Записникот до кој дојде нашата редакција од состанокот на ЦИШ на ,,ГРОМ” на Стевчо Муња го пренесуваме во целост без никакви интервенции во него :

                                                                                          ВТОР СОСТАНОК НА ЦИШ

            Состанокот на ЦИШ се одржа на 09.02.2016 год, во 19ч,  во Кокс со следниве точки на дневен ред:

  1. Извештај за посета по ОО
  2. Формирање на тимови за редовни посети на ОО
  3. ГРОМ по медиумите и социјалните мрежи
  4. Разно

По првата точка шефот на ЦИШ даде извешај за посетата по ОО во перидот ноември – јануари и за средбите со тамошното членство. Впечатокот од средбите е дека членството се стабилизира и покажува интерес за партиска активност. Голема поддршка се дава на ставот на претседателот против Договорот од Пржино. Според Пренџов потребно е веќе од наредната недела да се вклучат сите членови на ЦИШ во одделни групи кои ќе бидат задолжени за посета на одредени општински организации барем еднаш неделно, се до одржување на изборите.

По втората точка шефот на ЦИШ предложи формирање на тимови за посета на ОО. Одговорни за тимовите и ОО се предложија:

  • Виктор Цветковски : Крива Паланка, Ранковце, Гази Баба, Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Чучер Сандево
  • Чедомир Саздовски: Берово, Пехчево, Делчево, Пробиштип, Кратово, Свети Николе, Чешиново-Облешево, Штип и Карбинци
  • Горан Анчески: од Сарај до Гостивар ( ИЕ 6)
  • Панчо Минов : Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија и Росоман
  • Љупчо Пренџов: Радовиш, Велес, Струмица и околните, Кичево, Охрид, Битола и Прилеп
  • Зоран Поповски: Центар, Аеродром, Кисела Вода, Илинден, Неготино, Крушево

= Оливер Ромевски да се приклучи со тимот на Виктор Цветковски

= Стевче Митревски да се приклучи со Чедомир Саздовски

Предлогот за формирање на тимовите беше ставен на гласање и истиот беше едногласно прифатен.

По третата точка се отвори дискусија во која беше учествуваа сите членови на ЦИШ и главно беше потенцирано дека нема скоро никаква активност и поддрка од членството, а особено од младите и вработените присуство на социјалните мрежи. Заклучок по ова дискусија е дека претседателот Стевчо Јакимовски треба во најскоро време да разговара со вработените околу активноста на социјалните мрежи.

Се отвори општа дискусија околу активноста на младите и раководството на ГРОМ и беа предложени следниве заклучоци:

  • Бојан Велевски се задолжува да го „заживее“ Кокс. Првата активност односно неформална средба со младите во штабот да биде викендов. Тоа подразбира дружење, гледање утакмици, ФБ активност и сл.
  • Александар Трајановски се задолжува да нарави распоред по ОО со кој секоја од скопските општински организации ќе има свој ден за дружење во Кокс. Активностите што ќе бидат спроведени ќе бидат по избор, желба и одговорност на ОО.
  • Се задолжува Бојан Велевски да провери кој од вработените од ГРОМ не плаќа чланарина согласно договореното и во меѓувреме да се дополни списокот со Влатко од Прилеп, Маријана Чемкова.
  • Се задолжува Александар Дракулевски да ја исконтактира Ана Митрева од Ѓорче Петров, вработена на клиника, и со не јзе да проба да им помогнат на наши членови кои имаат потреба од тоа
  • Се задолжува Добрила Андоновска да исконтактира со Форумите на жени низ Македонија и со нов да организираат некоја активност почнувајќи од 20 февруари. За секоја активност да биде известен ЦИШ.
  • Утре, 10.02 секретарот Виктор Цветковски да одржи прес конференција врзана со специјалното обвинителство.
  • За секаква помош и соработка задолжените лица да се обратат кај Вики Михајловска.
  • Са задолжува Горан Михајлов да исконтактира со ОО Карпош и да им пренесе дека сите за сите нивни активности треба да го информираат ЦИШ и дека ќе добијат поддршка и помош за реализирање на истите
  • Следниот петок задолжително Љупчо Пренџов, Виктор Цветковски, Стевче Алушовски и Добрила Андоновска, да ја посетат ОО Битола.
  • Се задолжува Ефтим Пејовски до следниот состанок да изготви извештај за освоени гласови по избирачки места.

Следниот состанок на ЦИШ с езакажува на 16 февруари, вторник во 19ч.

Состанокот заврши во 21ч.