ЕКСКЛУЗИВНО- БОМБА на Мактел: ДПМНЕ злоупотребила лични податоци на над 300 илјади пензионери за пропагандни цели!

0
4334

Порталот Мактел успеа да дојде до циркуларно писмо за настап пред потенцијални гласачи корисници на пензија(пензионери)на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, испратено до сите комитети низ Македонија во септември минатата година и во кое детално е разработен акциско-пропаганден план, со тези, за агитација кај пензионерите, спроведен во периодот од 1 до 15 октомври 2015 година.

Во воведниот дел на писмото, јасно е нагласено дека до сите општински комитети ќе биде доставено список со пензионери, кои потоа од страна на активистите на ДПМНЕ треба да бидат посетени и пред нив да се претстават успесите и грижата на Владата на Груевски за нивниот стандард. Со ова владејчката партија уште еднаш злоупотреби државни ресурси, поконкретно база од податоци на корицници на пензии, за партиски цели.  Не само што е извршена злоупотреба на личните податоци на над 300 илјади корисници на пензии, туку е грубо прекршен и Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија („Сл.весник на РМ“ бр.73/2015).

Нашиот извор, кој учесвувал во оваа теренска активност на ДПМНЕ, вели дека списоците кои пристигнале во општинските организации потоа биле распределувани по КИМОВИТЕ(тоа е месни организации на ДПМНЕ кој покриваат територија на избирачко место). Односно секој активист или раководител на КИМОВИТЕ има добиено листа со пензионери од неговото избирачко место(КИМ), кои потоа ги посетувал. Од Мактел имавме можност да видиме еден таков детален спиок на пензионери, со име и презиме, адреса на живеење, матичен број и висина на пензија, кои гласаат на едно избирачко место во една скопска општина, а за кои нашиот извор бил задолжен да ги посети и да агитира, но не сме во можност истиот да го објавиме поради опасноста од откривање на изворот(адресите на списокот веднаш ке го октријат КИМ, односно активистот кој ги посетувал).

Нашиот извор ни напоменува дека сите циркуларни писма на ДПМНЕ, вклучително и ова, во кои се даваат насоки за оперативни активности, а со кои се вршат и злоупотреби на државни институции, се пропратувааат без официјален меморандум или печат со цел заштита од евентуално нивно пробивање и кривично гонење.

dok 1 dok 2