ЕКЛСКЛУЗИВНО : ГОРАН МИТЕВСКИ НОВ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ!

0
1674

Од неофицијални извори дознаваме дека новиот министер за внатрешни е поранешниот прв човек на Бирото за јавна безбедност Горан Митевски.

B9E8C049D903A04FAEC8720CB59FC8E7

Горан Митевски во јавноста важи за аналитичар кој ги анализираше политичките бомби објавени од проектот за ,,Вистината на Македонија” на опозициската СДСМ во своите јавни настапи и во дел од интернет медиумите.

„Сите снимки се автентични. Многу тешко е да се изрежираат вакви разговори, односно да се прават лепенки. Гласовните амплитуди да се спојат од една во друга реченица и притоа во иста амплитуда е практично невозможно, но ајде, да оставиме експертите да го кажат својот збор“, рече Митевски.

Според полицискиот генерал Горан Митевски прислушувањето е дело на вработени во Петтата управа на Министерство за внатрешни работи, кои, пак, невозможно е незаконските работи да ги правеле без добиена наредба од претпоставените. Како прв излез од политичката криза во земјава, Митевски смета дека е неопходна оставка на Јавниот обвинител, но тој „или не сака или не му даваат да ја даде“.

„Во 2008 година, како што објавија медиумите, дојде до средба меѓу министерката Гордана Јанкулоска и директорот на УБК, Сашо Мијалков со Ехуд Барак во Израел, при што беше потпишан договор за соработка во областа на безбедноста, меѓусебното информирање и технологијата. Самата спогодба кажува дека е разговарано за купување на одредена софистицирана опрема што после тоа е набавена и користена“, рече Митевски за „Алсат“.