Во ИМ 0950 во Кр.Паланка починати лица сеуште се во Избирачкиот список

0
718

Николова Милица(1957), Павловска Драга(1938), Ангеловски Глигорије(1936), Вучевски Благојче(1945), Јакимовски Спаско(1945), Спасковска Стевка(1955).

Сите овие лица се починати но се наоѓаат во Избирачкиот список во Избирачко место 0950 каде има вкупно 637 гласачи.

Меѓу овие 637 запишани гласачи има многу и кои се одселени трајно но сеуште нивните имиња фигурираат во Избирачкиот список.

Во една од бомбите на Заев слушнавме како поранешниот министер за транспорт и врски и близок соработник на Груевски, Миле Јанакиевски во разговор со друго лице објаснува како за него Амди Бајрам бил цар бидејки во Шутка организирал свои активисти да гласаат во име на одамна починати лица.

Ова само го потврдува сомнежот зошто владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не сакаат најпрво да се прочисти Избирачкиот список па потоа да се оди на избори.

Во тој случај на ВМРО-ДПМНЕ драстично им се намалуваат шансите за злоупотреба на изборниот процес. Затоа Грујо притиска по секоја цена изборите да се оддржат на 24 Април.

12596987_790047237789717_808793826_o 12499526_790047221123052_143397542_o 12630767_790047224456385_1296534482_o 12631074_790047231123051_1320028076_o 12562330_790047227789718_87875651_o