Дефинитивно секоја будала во Македонија може да дојде до научна титула: Гоца Бесни Брк стана доктор на науки

0
1331

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска станала доктор на науки на на Факутетот за безбедност, дел од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Менторка на екс-министерката била професорката Светлана Николовска, која предава економски криминал, која беше споменета и во „бомбите“ на Заев, како една од професорките, кои и се на лагер 24 часа да ги испрати да ги бранат потезите на власта на провладините медиуми.

Јанкулоска беше една од личностите кои најчесто беа дел од „бомбите“ на Заев, а неодамна избега од соочување со Анкетната комисија за прислушкувањето. Сепак, таа најверојатно ќе мора да се појави на распит кај специјалната обвинителка Катица Јанева бидејќи против неа има повеќе кривични пријави.