Демократски сојуз: Прилепчани бараат откуп на тутунот

0
909

На денешната средба со граѓаните во Прилеп  пратеникот Павле Трајанов зборуваше за актуелната политичка состојба, при што нагласи дека имплементацијата на Договорот од Пржино создава почетни услови за градење на единство во државата и владеење на правото, посебно од апсект на одговорност на генераторите на кризата.

tut ds

– Во реформите на медиумите клучна улога мора да имаат новинарите. Преку медиумите граѓаните да бидат објективно информирани. Тоа е неопходно за да на 24 април 2016 година донесат правилен суд и да започнат системски промени битни за просперитетот на граѓаните и државата – рече Трајанов.

На трибината граѓаните се интересираа за бегалската криза, за тоа кога ќе отпочне откупот на тутунот, за невработеноста и иселувањето на младите во странство, за статусот на голем број на граѓани кои завршиле Факултет за безбедност, како и за политичката криза која се одразува на целокупниот живот, посебно на интересот на граѓаните.

На крајот на средбата Трајанов посочи, дека „ Демократскиот сојуз е партија со автентична политичка програма и дека се подготвува за самостоен настап на претстојните парламентарни избори, како одговор на барањата на граѓаните“.