Грујо ПРДНА преку Али Ахмети од Тетово : Изборите мора да се одржат на 24 април

0
963

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека изборите треба да се одржат на 24 април затоа што мора да се почитува договореното, на кое потпис ставиле и домашните и странските преставници.

Сите се прашуваа дали да се одржат или да не се одржат избори на 24 април. Но, јас ќе ви кажам дека за 24 април е разговарано и дебатирано со комесарот Хан, другите странски преставници, четирите политички партии и сите го прифатија тој датум. Сега тие истите што го договориле овој датум, треба да го сменат. Не треба да бидеме како деца, па некој нешто ако посака, да му се удоволи – изјави Ахмети на вчерашниот собир на партијата во Тетово.

Ахмети изјави дека Македонија нема време за чекање и треба што поскоро да се одржат изборите за да се стабилизира земјата, која е подолг период во политичка криза.

– Според нас, не може да не се оди на избори во април и тоа да се презакажува за некој друг месец бидејќи ние не сме „на пет минути до 12“, туку ние сме „на една минута до 12“. Во јуни оваа година закажан е самит на НАТО, на кој главна тема ќе биде бегалскиот бран како состојба што ја загрозува сигурноста и безбедноста на голем дел од регионот и пошироко. Ако не се реализира веќе договореното, ние со тоа придонесуваме кон дестабилизација на земјата, попречување на економскиот развој, инвестициите и на безбедноста на граѓаните – изјави Ахмети.

Мета