Грујо, Мијалков, Гоца Бесни Брк, Миле ми текна „паднаа во рацете“ на Катица: Специјалното обвинителство се прогласи надлежно за 34 предмети, меѓу кои и „Пуч“!

0
617

Од Специјалното обвинителство, со кое раководи Катица Јанева, информираат дека во рамки на законски предвидениот рок доставен е и предметот од Основното јавно обвинителство Куманово, а воедно донесени се одлуки за надлежност за сите предмети кои беа доставени до ова Јавно обвинителство од Основните јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

„Што се однесува до видот на одлуките Ве известуваме дека ова Јавно обвинителство воспостави стварна надлежност над 34 предмети, вклучително и на предметот познат во јавноста како Пуч.

Врз предметите на Основното јавно обвинителство Скопје РО.бр.2362/15 и РО.бр501/15 не е воспоставена стварна надлежност и предметите се вратени на постапување на надлежното основно јавно обвинителство.

Во оваа насока Ве известуваме дека дополнително е утврдено дека од доставените предмети уште два предмети се поврзани со изборни нерегуларности, така што бројот на предмети кои се однесуваат на изборни нерегуларности на кои ова Јавно обвинителство има воспоставено стварна надлежност изнесува 16“, информираат од Обвинителството.