Гоца бесни Брк се отепала од работа, доби 3 години бенефициран стаж

0
1517

За деветте години минати на позицијата министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска по сила на закон, добила бенефициран стаж од 36 месеци. На функцијата министер во МВР Јанкулоска се задржа најдолго од сите нејзини девет претходници. На 26 август 2006 година беше именувана за министер на полиција и на таа функција остана се до 13 мај годинава, кога даде оставка.

Според Законот за полиција, секој министер добива бенефициран стаж. Законот вели дека за секоја година која Јанкулоска ја минала во МВР добила плус 4 месеци стаж.

За минатите девет години на позицијата министер, законот ја награди Јанкулоска за дополнителни 36 месеци, односно три години кои ќе и бидат допишани во вкупниот работен стаж. За разлика од нејзините врсници, Јанкулоска ќе оствари право на пензија барем три години порано.