Горивото им поскапело за 6000%: Верувале или не, и понатаму е поевтино отколку во Македонија!

0
624
Дали е возможно за некаде горивото да поскапе за дури 60 пати, и така, повторно да биде поевтино од она коешто го плаќаме ние тука во Македонија!?

Кога ќе слушнете вест дека некаде поскапело горивото, во екот на сè пониските цени на нафтата на светскиот пазар, со сигурност претпоставувате дека се работи за земја како нашата, кадешто државните акцизи на големо ја надминуваат основната цена на чинење на еден литар гориво, зарем не?

Но што ќе помислите кога ќе слушнете дека се работи за поскапување од дури 6000% (да, добро прочитавте!), односно околу 60 пати од првобитната вредност на еден литар гориво?

И како “јаготка на шлагот” на сето ова доаѓа и третиот неверојатен факт – а тоа е дека дури и така, со новата цена, граѓаните на оваа држава и понатаму плаќаат значајно поевтино гориво од она коешто го плаќаме ние тука во Македонија, и тоа по цена од 48 денари по литар бензин!

cena-gorivo-bolivari-01

Се работи за Венецуела, којашто е една од државите-членки на ОПЕК, кадешто неодамна поскапе горивото од 0.097 боливари (помалку од два американски центи, односно околу 1 денар), на споменатите 6 боливари (87 центи, односно 48 денари).

Она што е исто така интересно е дека цената на еден литар 91 октански бензин скокнала од 0.07 боливари (1 цент), на “дури” 1 боливар (14 центи, односно седум и пол денари), верувале или не!