ГРУЈО ГИ СКРШИ ЗАБИТЕ СО ТЕЛМА И МАКПЕТРОЛ: Судот го одмрзна имотот на Mакпетрол и на Oилко

0
1046

Се чини Телма и Макпетрол се покажаа по тврд орев од А1 и фирмите на Перо Наков. Не успеа истото сценарио за кршење и уништување на Телма и Макпетрол како што му успеа на пастирот да го згази А1 и империјата на Велија Рамковски.

Основниот суд Скопје 1 донесе одлука за одмрзнување на имотот на Макпетрол и на командитното друштво Оилко. Во образложението се вели дека причина за ваквата одлука е тоа што по повеќе од три месеци не беше започната истражна постапка во однос на сомнежите дека раководството на нафтената компанија незаконски префрлало средства од Макпетрол во Оилко, пренесе Телма.

makpetrol-540x300

Според Законот за кривична постапка, во ваков случај мерката се укинува по службена должност. Судот им наложи на катастарот за недвижности, заложниот регистар за движни предмети и на МВР веднаш да ја симнат забраната за отуѓување и ставање под хипотека на недвижниот имот, како и забраната за располагање со моторните возила, кои се во сопственост на двете компании.

Со ова се укинати сите судски мерки за Макептрол во однос на овој случај, откако во август прво беа замрзнати, а по неколку дена одмрзанати и банкарските сметки на нафтената компанија. Од Макептрол со став дека решението на судот е логично и очекувано. Сметаат дека кривичните пријави против членовите на управниот одбор на компанијата се целосно неосновани, бидејќи секогаш работеле транспарентно и во согласност со законите и така и ќе продолжат.