ГЕРО САКА ДА ИМАМЕ РАЗБИРАЊЕ И РЕСПЕКТ И ЧОВЕЧКИ СИМПАТИИ ЗА ОНИЕ КОИ НИ БУТААТ КОЛЕЦ ВО ГАЗОТ И САКААТ ДА НЕ РАСЦЕПАТ НА ДВА ДЕЛА!

0
751

Гледам дека Геро многу лесно им простил на џелатите кои не тепаа, ни крадеа избори, ни крадеа пари, наредуваа шамарања, наредуваа црни хајки, ни креваа објекти со динамит во воздух, не затвораа по затвори, не бркаа од работа, и тој чин на простување го продава како знак на цивилизираност и човечност. Јас велам дека тоа е курвинско понашање по принципот сто стапа по туѓ грб не болат а можно е да се работи и за стокхолмски синдром. Јас како човек се мачам да им простам на подржувачите на лудаците а камо ли пак на самите лудаци за се што ни на правија овие 10 години.

Гледам дека за сите свои шокантни постапки, Геро има подршка од своите верни следбеници кои се истакнати опозиционери и кои слепо кликаат лајк на секаква негова небулоза кој тој е спремен да ја направи. Ова многу повеќе ме депримира и шокира од се друго. Ние дури и во нашите редови немаме критичка јавност која е спремна да му удри чврга на секој од нас кога ќе застрани од патот а камо ли пак да бараме таква критичка јавност во неопределените или во подржувачите на режимот… Депримира кога ќе видиш колку многу од нас опозиционерите се како овци и одат по Геро како безмозочни зомбија и кликаат лајк на луди фб статуси во кои Геро се обидува да ни ги престави лудаците од режимот како сосема нормални политичари и луѓе наместо она што се злобни подли лудаци и манијаци кои се спремни да одат и преку лешеви само за да останат на власт!

Шокира што ваква епска реклама и воздигнување на човечноста и карактерот на сатрапите од режимот не стигна од Миленко, Јанко, Латас, Каракамишева, Богатинова, Златев, Цаци или Сарма туку од Геро, еден од водечките соросоиди и наводни опозициски тупаници.

Ова е токму она што Бетмен и Трендо го прават со месеци, камуфалирани во нашите редови како оние тенковите во војна покриени со грмушки, овие камуфлирани куртони подмолно не спремаат за ефектот СВАРЕНА ЖАБА, кога се отапува нашиот револт и нашиот бес и не тераат мирно да потклекнеме под сабјата на џелатот па дури и да имаме разбирање за џелатот, да немаме омраза и бес кон нашиот силувач кој ни гнете колец во газот со намера да не
расцепи на два дела!

Фејсбук статус на Саше Ивановски, главен и одговорен уредник на порталот Мактел