Вчера издадени 830 потврди за азил

0
455

Во изминатово деноноќие Министерството за внатрешни работи (МВР), до полноќ, издало потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 830 странски државјани, од кои 376 се од машки пол, 169 се од женски и 285 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–424,Сирија-320 и Ирак-86.

Во периодот од 1 јануари до полноќ на 10 јануари, издадени се потврди на вкупно 18.712 странски државјани, од кои 7.838 се од машки пол, 3.958 се од женски, 6.841 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 75 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-7.904, Авганистан-6.990 и Ирак-3.818.

Во изминатово деноноќие до Секторот за азил се поднесени  две барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на две малолетни лица од Авганистан и Сирија.

Во периодот од 1 јануари до полноќ на 10 јануари до Секторот  за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 10 јануари евидентирани се вкупно девет  баратели на азил од кои шест мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 13 баратели на азил ( еден мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и осум  малолетни лица без придружба на старател) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.