Во понеделник МАСОВЕН ПРОТЕСТ против загадувањето во Скопје: Немаме време за чекање, болестите и смртта не демнат и нас и нашите блиски и нашите деца!

0
1044

Дваесетина граѓански организаци повикуваат на масовен протест пред владата во понеделник, на 28 декември, со што ќе се изрази револтот од пасивноста на власта во однос на овој проблем.

– Времето не гази, а воздухот и понатаму ни го зема здивот и животот. Немаме време за чекање, болестите и смртта не демнат и нас и нашите блиски и нашите деца!

Доста е!

Се здруживме и одлучивме дека ќе кажеме НЕ!

Ве повикуваме сите кои дишете, а не сакате да умрете, да ни се приклучите на протест на 28ми декември (понеделник) во 17:00 часот пред Владата на Република Македонија.

Протестираме против загадувањето на водухот!

Протестираме за надлежните да преземат итни мерки со кои ќе се заштити нашето здравје!

Излези за воздух, се вели во повикот до жителите на Скопје.

Градот и натаму останува загаден, со опасен воздух кој тивко убива. Во центаротна Скопје, концентрацијата на штетните честички само вчера беше десет пати над дозволеното ниво.