ВИСОКА ПРЕДНОСТ НА СДСМ И ЗОРАН ЗАЕВ ПРЕД ВМРО-ДПМНЕ И НИКОЛА ГРУЕВСКИ

0
1919

Институтот ARC (Accurate Research Center) за потребите на „Народен Глас“ изврши истражување на јавното мислење во однос на рејтингот на политичките партии и политичарите во Македонија.

Според истражувањето, 24,5 отсто од испитаниците сметаат дека СДСМ ќе победи на следните избори во април 2016, наспроти 18,8отсто кои што сметаат дека победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. Од албанските партии, највисок рејтинг има ДУИ за кого се определиле 9,7 отсто, а за ДПА се определиле 4,6 отсто.

За неопределени се изјасниле 11,0 отсто, а дури 25,1 отсто одбиле да се изјаснат.

Зоран Заев е политичарот кој ужива најголема доверба (кај 26,6 отсто од испитаниците), а зад него се Никола Груевски со 13,5 отсто, Али Ахмети со 9,0 отсто, Мендух Тачи со 3,8 отсто и Стевчо Јакимовски со 1,4 отсто.

Истражувањето на Accurate Research Center е спроведено телефонски во периодот од 18 до 21 декември, на примерок од 1.490испитаници. Анкетата е спроведена на цела територија на Македонија, а подлежи на статистичка грешка од +/- 2 процента.

ANKETA