(ВИДЕО) „360 степени“ : 14 предмети за изборни манипулации во предистрага кај Катица Јанева

0
1091

Одлуката за отворање предистражна постапка за изборни манипулации и злоупотреби, која во петокот ја соопшти обвинителката Ленче Ристоска од специјалното обвинителство, се однесува на 14 од 35 предмети што ги добија Катива Јанева и нејзиниот тим. Ова, повикувајќи се на официјални информации од специјалното обвинителство, беше објавено во синоќешното издание на емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М. Според објавеното, во овие 14 предмети се осомничени најмалку 9 лица од владиниот врв и од други субјекти, спомнати во прислушуваните разговори што ги објави СДСМ.

Гости во емисијата беа адвокатот Александар Тортевски и колумнистот Сотир Костов, кој е и поранешен јавен обвинител, кои водеа жестока дебата за почетокот на работата на специјалното обвинителство. Двете главни дилеми за кои се дебатираше беа дали Зврлевски повторно ја наседна Јанева со тоа што и достави 35, иако Јанева првично побара само 5 предмети и, од друга страна, како Јанева и нејзниот тим донесоа одлука за предистрага за изборните манипулации без да ги имаат предметите?