(ВИДЕО) Шилегов до Милошоски: Како Мијалков нарачувал апсење на Бошкоски е исто така во интерес на граѓаните

0
533

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од СДСМ се уште не можат да се согласат која е целта на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, пренесува А1он.

Според Антонио Милошоски во интерес на јавноста е да се утврди кој прислушувал, зошто, кој имал корист од тоа, колку луѓе биле прислушувани и кои. Според претседателот на Комисијата, Петре Шилегов, целта на Комисијата е да утврди одговорност за кривичните дела кои произлегуваат од содржината на телефонските разговори.

– Јавноста има право да знае кај кого Мијалков го нарачал апсење на Љубе Бошковски, на кого му се фалеше, како знаел дека ќе има апсење, како знаел колку години ќе лежи затвор. И тоа е во интерес на граѓаните господине Милошоски – рече Шилегов на денешната седница.

На ова реагираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и му префрлаа на Шилегов дека тоа не е предмет на расправа. Овие пратеници бараа целосно отстранување од дневен ред на точката за сослушување на Сашо Мијалков која беше предвидена за денеска.

Видеото ОВДЕ