(ВИДЕО) Фуере во 360 степени: Груевски и во 2009 вети решение за името, но не го исполни тоа

0
1078

Ерван Фуере вели дека не знае дали се веродостојни укажувањата дека зад амбивалентниот однос на ЕК кон Македонија се крие ветување на Никола Груевски дека ќе го реши прашањето за името, но отворено признава дека Груевски и порано се пазарел со оваа тема.

„Се сеќавате дека во 2009 година (кога Фуере е амбасадор на ЕУ во Македонија) Европската комисија предложи безусловна препорака за почеток на преговори, потег што беше преземен врз основа на разбирање дека премиерот ќе го насочи сиот напор за решавање на прашањето за името. За жал, како што видовме, тоа беше пропуштена шанса, ветување што не беше исполнето. Во 2007/2008 година владејачката партија се обиде да го искористи и признавањето на независноста на Косово и за возврат од ЕУ да добие почеток на преговори. Сето ова се тактики за прикривање на внатрешната состојба и не сметам дека е кредибилно ЕУ да прифати такви ветувања од влада која веќе била дискредитирана со толку пропуштени шанси во минатото“, вели Фуере во интервјуто за „360 степени“.

Во емисијата од Бон се јавува Борис Георгиевски, од „Дојче веле“, автор на текстот „Концептот на Хан и ЕУ ја турка Македонија кон диктатура“.