(ВИДЕО) Силјановска: Битолчани дишат отров наместо воздух!

0
1190

Сосотојбата со загадувањето на воздухот во Битола е сериозна и станува сé поалармантна. Според официјалните податоци, ноќеска загадувањето на воздухот со ПМ 10 честичките достигна рекордно ниво од 919 микрограми или речиси 20 пати повеќе од дозволеното, рече на денешната прес конференција на пратеничката од СДСМ Битола, Јулиана Силјановска.

siljanovska

Изминативе денови битолчани дишат отров наместо воздух!

Грејната сезона се уште не е во полн ек, а битолчани веќе ја плаќаат цената на погубните политики на Никола Груевски.

Со ваквото ниво на загаденост, движењето на битолчани надвор од своите домови е опасно по живот.

Во период од 10 години на власт на ВМРО-ДПМНЕ на локално и централно ниво, Битола изгуби над 400 хектари шума кои претставуваа бели дробови на градот.

Лицемерно е да се зборува за заштита на човековата средина во Битола,а за таа намена да се планираат 10.000 евра од општинскиот буџет тежок 27.5 мил евра, а за ограда на мост да се потрошат над 40.000 евра.

Лицемерно е РЕК да ја загадува Пелагонија и Битола, а ЕЛЕМ да инвестира во стиропорни барокни фасади во Скопје кои чинат милиони евра и да инвестира во изградба на жичарница на Водно.

Локалната власт им должи одговори на своите граѓани на што се должи нивната негрижа и дали позади игнорантскиот однос се штитат нечии интереси.

Ги повикуваме одговорните лица веднаш да излезат со соодветни мерки за заштита и превенција на граѓаните од екстремното загадување.

Битола и битолчани заслужуваат чист воздух и здрава животна средина!

Граѓаните имаат  идеја: за чист воздух-збогум Никола!