(ВИДЕО) СУДИР на Шилегов и режимскиот тастер Антонио Милошоски на Анкетна комисија за прислушувањето

0
715

Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето денеска ќе одржи продолжение на седницата, во нов обид да го договори деловникот за работа.

Во петокот, претседателот на Комисијата Петре Шилегов, чие формирање е дел од меѓупартискиот договор од Пржино, го прекина третото продолжение, поради како што рече „координација“.

Иако беше најавено, во петокот не се појави белгискиот посредник Питер Ванхауте, кој според Шилегов требаше да го прецизира гласањето на претседателот на Комисијата – една од спорните точки за членовите од ВМРО-ДПМНЕ.
Шилегов објасни дека Ванхауте не е присутен, бидејќи постои напредок во усогласувањата на ставовите на членовите на Комисијата во однос на спорните точки.

Четирите најспорни точки околку кои членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето не можат да постигнат согласност се дали Комисијата може да почне да работи без присуство на мнозинството членови, понатаму, членовите од парламентарното мнозинство стравуваат претседателот Шилегов да не ја злоупотреби положбата и нерегуларно може да повика сведоци на седницата, без претходно да ги извести членовите.

Парламентарното мнозинство исто така бара да се дефинира колку пати еден сведок или експерт може да се појави, и најспорната точка, зошто претседателот на Комисијата да гласа два пати.

Видеото со судирот на Шилогов и Милошоски може да го погледнете ОВДЕ