(ВИДЕО) СЕ СЛУЧИ ЧУДО, ГРУЈОВИТЕ МИНИСТРИ СЕ ОДВАЖИЈА И СЕ ПОЈАВИЈА НА ТВ ДЕБАТА НА АЛСАТ М : Николовски: 3 милиони евра субвенции за ЗИК Пелагониjа. Цветков се прави удрен со шише од Пелистерка и не знае чија е фирмата

0
641

225931

Николовски: 3 милиони евра субвенции за ЗИК Пелагониjа. Цветков не знае чија е фирмата

Во ексклузивната дебата во „Економски магазин“, меѓу министерот за земјоделаство Михаил Цветков и неговиот заменик од СДСМ Љупчо Николовски, откриено дека земјоделскиот комбинат Пелагонија на Орце Камчев, добил три милиони евра земјоделски субвенции.

Министерот Михаил Цветков, возврати оти не знае чиј е ЗИК Пелагонија, но знае дека има најголеми површини, и потенцираше дека нема партиска распределба на субвенциите и на земјоделското земјиште.

Дополнително, неговиот заменик Љупчо Николовски откри кои пратеници од ВМРО – ДПМНЕ добивале субвенции, на што доби контра одговор од Цветков дека со блиски луѓе на опозицијата, државата води спорови заради неисполнување на договорите со Министерството за земјоделство.

Целата дебата, со жестока реторика меѓу Цветков и Николовски, која е прва од ваков тип во последниве девет години, ќе можете да ја видите во недела, во 18 часот и 15 минути во „Економски магазин“.