(ВИДЕО) СДСМ Штип: Захариев ќе го остави Штип без Дом за стари лица

0
1113

Screenshot_23

СДСМ Штип: Градоначалникот ќе го остави Штип без Дом за стари лица

Незаконското постапување на градоначалникот Илчо Захариев може да ги остави пензионерите од Штип и околината без Дом за стари лица, алармираше денеска Ленче Рунтева, член на Советот на општина Штип од групата на СДСМ и коалициските партнери.

Таа вели дека е направена матна пренамена.

– Захариев не постапува согласно Одлуката за промена на Урбанистичкиот план, со кој беше предвидена изградба на Дом за стари лица во населбата Дујзлак. Од личен хир Захариев одлучи овој простор, порнашениот ресторант на АРМ, да не му ја додели на Здружението на пензионери од Штип и Карбинци. Без соодветен елаборат и без одобрение за градба, кое требаше да содржи одлука за промена на Деталниот урбанистички план, на местото на некогашниот ресторант на АРМ започна изградба на нов, габаритен објект.  Захариев го има ставено својот потпис на одлуката од 30.07.2014 со која се одбива барањето за доградба или надградба на реконструкција, санација и адаптација на постојан објект со надградба, во кое изрично се нагласува дека постапката треба да се прекине до целосно комплетирање на документацијата. Општина Штип единствено има издадено решение со кое се дозволува реконструкција и адаптација на постојниот објект- подрум и приземје. Без потребните документи овој обејкт е дивоградба  – рече Рунтева.

Таа побара одговорност од градоначалникот за ваквото постапување на градоначалникот, нарекувајќи го несоодветно спроведување на законите.

– Захариев мора да им одговори на штипјани зошто има селективен пристап кога е во прашање примената на Законот за просторно и урбанистичко планирање?
Социјалдемократскиот сојуз ќе поднесе претставка до државниот инспекторат за просторно и урбанистичко планирање за испитување незаконитоските постапки на Захариев. Кршењето на законот со себе носи одговорност и за тоа мора да се одговара – порача советничката од опозицискиот блок.