(ВИДЕО) СДСМ: Бизнис интересите на фамилијата ја сардисаа коријата

0
737

korija-600x400

Прес конференција на ОО на  СДСМ Крушево:
Вековната крушевска корија паѓа под налетот на секирите и моторните пили на Јавното претпријатие „Македонски шуми“.
Под превезот на наводната „санитарна сеча“, вработените во „Липа“, крушевската подружница на „Македонски шуми“, безмилосно ги уништуваат белите дробови на градот.
Ниту најстарите крушевчани не можат да се сетат дека некој, било кој, се дрзнал да посегне по природното богатство, по оваа шума која за сите нас живот значи.
ОО на СДСМ Крушево прашува

korija_seca1

Дали шумската мафија и првиот човек на „Македонски шуми“ Жарко Караџоски стојат зад ова лудило кое и’ се случува на крушевската корија?
Дали исечените дрва треба да го покријат недостигот од огревно дрво, проблем со кој и после еден месец од почетокот на грејната сезона се соочуваат огромен број на граѓани?
Дали исечените дрва од крушевската корија, заради бизнис интереси на моќници од владејачката ДПМНЕ за евтини пари ќе завршат кај нашиот јужен сосед, Република Грција?
Го гледате ли и вие г-не градоначалник она што го гледаат граѓаните на Крушево?
Профитирате ли и вие лично од оваа сеча?
Важи ли уште вашиот потпис на „Еколошкиот шумски манифест“ за зачувување на шумското богатство?
Граѓаните на Крушево треба и мора да ја знаат вистината!
Ова лудило мора да запре!