(ВИДЕО) Рускиот цртан филм „Маша и мечето“ достигна рекордни милијарда прегледи на ЈуТјуб

0
1299

Рускиот цртан филм за деца за немирното девојче Маша и симпатичното мече стана вистински хит и на ЈуТјуб, откако веќе се најде меѓу 20 видеа што собрале по милијарда прегледи.

Во  „клубот на ЈуТјуб милијардери“ се најде 17-та епизода „Маша и мечето“ од вкупно 54 епизоди кои можат да се најдат на ЈуТјуб.

Цртаниот стекна следбеници ширум светот, од Германија и Австралија до САД.

Споменатата епизода од цртаниот стекна статус на 13. најпопуларно видео на ЈуТјуб на сите времиња.

Во клубот на ЈуТјуб милијардери неодамна беше ставено и видеото за песната „Хело“ од Адел, кое оваа титула ја достигна во рекордно кратко време и на тој начин од пиедесталот го симна „Гангам Стајл“ на корејскиот пејач Псај.