(ВИДЕО) При поставувањето нов споменик на Крале Марко во Прилеп, РОКНА КОПИТОТО!

0
1142

Во Прилеп утрово се поставува споменикот на „Крал Марко“. По повод 3-ти ноември – Денот на ослободувањето ќе биде поставен на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“.

При поставувањето оштетен е дел од споменикот, во пределот на ногата од коњот, па работниците кои работат на монтирање на споменикот на лице место пробуваат да ја санираат штетата со дополнително заварување на оштетениот дел.

Со оглед на габаритот и ергономиија на споменикот, се поставува прашање колку овој споменик ќе претставува опасност по случајните минувачи на плоштадот, со оглед на тоа дека штетата е во основата на монументот.

Во неколку наврати предходно прилепскиот адвокат Жарко Стеваноски анализирајќи ги правните процедури за поставувањето на споменикот во центарот на Прилеп обвинуваше за повеќекратно кршење на предвидените законски процедури.

Извор : 10без10