(ВИДЕО) Повторно ТЕНЗИЧНО на јужната граница: Дел од мигрантите се обидоа да ја прескокнат бодликавата жица

0
297

Мигрантите на јужната граница се бунтуваат од другата страна на оградата. Со транспаренти го покриваат жичаниот ѕид и бараат да бидат пуштени на македонска територија. Пораките со мастило и јаглен испишани врз картони и платно ги испраќаат директно до Меркел и Европската Унија, кажувајќи им дека не се насилници, ниту терористи, туку дека бараат мир и помош, јавува Телма.

Бројот на луѓе кои стојат на линијата се намалува, но постојано пристигаат и нови. Повеќето од мигрантите за кои не е дозволен влез во Македонија се повлекоа кон Грција, дел се обидуваат да влезат низ илегалните премини и пеш да стигнат до Србија, а некои сакале со лажни потврди издадени од грчката полиција да влезат во државата, претставувајќи се дека потекнуваат од подрачја зафатени со војна.

Утрово десетина се обидоа да се искачат преку триметарскиот жичан ѕид, но македонската полиција ги спречи да влезат во земјата.

Заради поголема безбедност полицијата и војската го зголемија бројот на безбедносните сили на границата кај каменот 59, а пристапот на новинарските екипи е ограничен.

Напредува и подигањето на жичаната ограда. Повеќе од педесет километри жица и бетонски столбови ќе се постават долж границата со Грција, за да се канализира протокот на бегалци кон центарот за регистрација.

Видеото ОВДЕ