(ВИДЕО) Николовски: Трпението на земјоделците е при крај

0
1060

Драго ми е што денеска сме во струмичкиот регион. Мојот впечаток е исто како и при посетите што ги поминавме и во минатиот период како заменик министер, а тоа е едно незадоволство кај земјоделците, скапо им е производството, ниски откупни цени, нередовни субвенции, оштети од поплави или со еден збор трпението на земјоделците на крајот на оваа година е пред крај. Тие повеќе трпение немаат. Не може земјоделците да произведуваат, а да немаат за гола егзистенција, рече Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Затоа им е потребна влада и министерство која што ќе исплаќа редовни субвенции, која што ќе се грижи за трошоците на производството, која што ќе им обезбеди ефтини препарати и вештачки ѓубрива, ефтини и квалитетни заштитни средства.
Потребна е влада која што ќе се грижи за откупните цени и ќе отвара пласмани и ќе склучува нови договори се со цел откуп на земјоделските производи.
Со еден збор им треба влада што ќе обезбеди зелена нафта, која ќе се грижи за земјоделците, влада која ќе се грижи за целокупното земјоделско производство, за производството на храна како најстратешка гранка во државата, односно им треба влада што ќе ја предводи Зоран Заев.