(ВИДЕО) Николовски: Семејството Србиновски буквално го има „освоено“ Министерството за земјоделство

0
400

Lj.Nikolovski-685x320

Продолжуваме да ги штитиеме интересите на граѓаните. Денеска објавуваме голем скандал во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Илија Србиновски, поранешен пратеник на ВМРО ДПМНЕ и актуелен  Раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,во Битола, скандалозно ја злоупотребува државната функција, вели Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Семејството Србиновски буквално го има „освоено“ министерството. Таткото Илија заедно со синот и снаата се вработени во оваа институција, а  сопругата Слободанка, која е сопственик на фирмата  ИЗ „ДЕСИЛ“  добива 45 хектари државна земјоделска земја под концесија.

Случајот на Илија Србиновски е класичен пример на злоупотреба на државните институции во партиски цели пред избори. Ете како Никола Груевски ги наградува своите први јуришници: преку вработување, високи субвенции и државна земјоделска  земја под концесија, за да може преку нив да ги уценува земјоделците.

Досега овие функционери не се гонеа кога прекршуваат закони, не сносат последици за судир на интереси, ниту кривично одговараат за сторените дела.

А докази има:

Еве го договорот(покажува документ)  кој е еклатантен пример за кршење на ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ,  според кој, не смее да се врши размена  на државна  земјоделска земја со меѓусебна, непосредна спогодба меѓу двајца закупци, како во овој случај- ЗИК Пелагонија и фирмата на сопругата на Србиновски, ДЕСИЛ, се договориле туку – така да си разменат 10 хектари земја?!

Случајот е дополнително спорен со тоа што овие 10 ха, (покажува документ) претходно на барање на Србиновски како раководител на подрачната единица во Битола, ЗИК Пелагонија ги враќа на државата како неплодни, за пасишта на жителите на село Гнеотино.

Но, наместо жителите да го напасуваат добитокот, површините ги зема фирмата на сопругата на Србиновски. Така во записникот за воведување во владение, на лева страна е потпишан сопругот Илија Србиновски, како претседател на комисија, а на другата страна сопругата Слободанка Србиновска, како корисник.(покажува документ), што по ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА, член 22 е класичен пример на судир на интереси.

Дрскоста на раководителот на Подрачната единица на МЗШВ во Битола, Илија Србиновски само ја покажува моќта која му ја даваат надредените, наместо да го санкционираат.

Последните поплави во Пелагониско Србиновски ги има искористено за злоупотреба на буџетските средства наменети за исплата на штети. Според проценката на комисијата на општина Новаци, проценетата штета за исплата на фирмата на сопругата на Србиновски е 1 .118.000 денари.

Но, скандалозното е што  според записникот од инспекторите на терен, овие површини се поплавени НАМЕРНО, поради рушење на заштитен насип на каналот од страна на Србиновски. Освен неговите површини за кои има договор, тој узурпирал и други 10 хектари државна земјоделска земја.

Дополнително испитуваме колку точно земја обработува семејството Србиновски, колку субвенции има добиено и што се има искористено од програмите на владата.

Ова не е единствен случај. Земјоделците постојано реагираа на притисоците што ги трпат за време на избори и уцените токму од овие локални моќници.  Работиме и на други случаи кои се однесуваат на актуелни пратеници од редовите на ВМРО ДПМНЕ, претседатели на Комитети, државни функционери, раководители на подрачни единици и луѓе блиски на власта кои одработуваат за Груевски за време на изборите.

Затоа сме овде, ја оправдуваме нашата основна цел со влегувањето во институциите на државата, да бидеме контроли и да спречиме натамошна злоупотреба на државните функции во партиски цели.

Вистината мора да излезе на виделина, а сите што го прекршиле законот, да одговараат.

Промените коишто ќе ги донесе СДСМ ќе значат чесна, одговорорна и транспаретна влада којашто ќе работи во интерес на сите граѓани.

New-Doc-1_5 New-Doc-1_6 New-Doc-1_7 New-Doc-1_1 New-Doc-1_2 New-Doc-1_3 New-Doc-1_4