(ВИДЕО) Манчевски: Трајановски одамна нема одговори за проблемите на скопјани

0
448

„На денешната седница за советнички прашања, помеѓу другите прашања, Коце Трајановски ќе го прашаме и за следното:

  • Колку пари ќе чинат новите барокни фасади? Опфатот на Скопе 2014 значително се зголеми. Тоа ќе значат и нови најмалку 50 милиони евра за раскошот и луксузот на бандата на Никола Груевски, Мијалков и Ставрески.
  • Кога и дали воопшто планира ребаланс на буџетот за обезбедување на пари за вонредни мерки за намалување на загаденоста на воздухот? Градот презентираше документ со многу од предлог мерките кои долго време ги предлага СДСМ и коалицијата. За спроведување на овие мерки се потребни финансиски средства, кои ги моментално ги нема во буџетот на градот.
  • Како ќе изгледа и колку ќе чини реконструкцијата на Универзална Сала? Зошто се смени оригиналниот концепт и проект? Дали и за Универзалната Сала се подготвува барокна фасада?

Покрај овие ќе поставиме и повеќе други прашања од интерес на граѓаните на Скопје. Знаеме дека Коце Трајановски ќе нема вистински одговори. Коце Трајановски одамна нема одговори и разбирање за проблемите на скопјани. Коце Трајановски има разбирање само за болните желби на Никола Груевски за раскош и луксуз. Затоа, Коце Трајановски веднаш треба да поднесе оставка и да се соочи со граѓаните на Скопје. Тие ќе го дадат финалниот суд за неговите погубни политики за градот“, изјави на прес конференцијата, Дамјан Манчевски, координатор на Советничката група на СДСМ и коалиционите партнери во Советот на Град Скопје.