(ВИДЕО) Манасиева: Студентско Збогум!

0
1419

Capture-1-685x320

Ректорот Велимир Стојковски и градоначалникот Коце Трајановски веднаш да си поднесат оставки! Трајановски подмолно среде ноќ исече 47 децениски дрвја во кампусот на УКИМ, затоа што знаеше дека тоа нема да смее да го направи преку ден, вели Ана Манасиева, членка на Извршниот одбор на СДММ.

Трајановски направи упад во просторот и автономијата на универзитетот. Со тоа дополнително го загрози и здравјето на студентите.

Ректорот Велимир Стојковски го дозволи тоа!

Грижата на ректорот Стојковски не се интересите на студентите и универзитетот Св.Кирил и Методиј.

Грижата на Коце Трајановски не се граѓаните, нивното здравје и зеленилото. Врвно лицемерие е неговата глума денеска дека сади.

Трајановски и Стојковски се слепи послушници на Никола Груевски кој заедно со фамилијата профитира од барокните тендер политики.

Студентите велат Збогум на Стојковски и Трајановски. Збогум на Груевски и неговото друштво!