(ВИДЕО) МРТВа сокри дека Груевски не беше на лидерската средба

0
602

Македонската телевизија во вчерашниот Дневник во 19:30 часот од своите гледачи ја сокри информацијата дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски не се појави на вчерашната вонредна лидерска средба со амбасадорите Орав и Бејли, пишува Либертас.

Баш напротив, доколку некој вчера се информирал од јавниот сервис кој го плаќаат сите граѓани преку радиодифузна такса, ќе сфател дека Груевски бил на средбата. Додека траеше извештајот за лидерската средба на екранот со големи букви пишуваше „Средба на лидерската четворка“, иако таа беше тројка (Заев, Ахмети и Тачи), а дека Груевски решил да ја бојкотира средбата, не беше кажано ниту од водителката на вестите, ниту пак од репортерот од Клубот на пратениците, туку беше оставено да се толкува.

„Во клубот на пратеници, вонредна лидерска средба. Претседателите на најголемите политички партии во земјава разговараат со амбасадорите Бејли и Орав“, рече водителката.

Повеќе ОВДЕ