(ВИДЕО) МЕГА СКАНДАЛ: Режимското КОПИТО Ушковски фатен како бара написмено од претседателите на судовите да се изјаснат дека не им бил вршен притисок

0
749

Претседателот на судскиот совет Бранко Ушковски барал од сите претседатели на судови и сите судии написмено потврда дека ниту тој ниту судскиот совет не вршат никаков притисок врз нив. Ова го пишува во дописот до кој дојде Телма, со назнака Итно на 10-ти февруари Ушковски барал заклучоците да се изработат за еден работен ден, информира Телма.

-Судскиот совет на Република Македонија Ви се обраќа со барање да подготвите заклучоци во насока на тоа дека Вие како претседател на суд и судиите во Вашиот суд во остварување на своите функции не сте изложени на никакви притисоци или влијанија од страна на Претседателот или членовите на судскиот совет на Република Македонија.

baranja a

Заклучоците да бидат доставени до судскиот совет на Република Македонија веднаш, најдоцна до крајот на работното време, стои во документот на кој има потпис од претседателот на судскиот совет Ушковски.

Од реакцијата на Телма контактирале со претстедатели и претставници на повеќе судови низ Македонија и двајца од нив потврдиле дека пратиле заклучок во судскиот совет, но не можле да кажат повеќе детали околу потребата на таков заклучок и дали и претходно од судовите е барано да се изјаснат дека немаат притисок.

-Претседателот на судскиот совет Ушковски на нашето прашање по телефон за документот прво ни кажа дека сме погрешно информирани и дека писмото е генерално за тоа дали судиите имаат притисоци или трпат влијание при нивното одлучување. Потврди дека судовите одговориле и ни рече дека немало многу поплаки за притисок. За повеќе информации ни кажа да побараме информации писмено. Писмото е испратено пред 2 недели, а во тој период имаше информации дека судии се жалеле на однесувањето на истражителите на специјалното обвинителство. Една недела по писмото, Ушковски оцени дека специјалното обвинителство со своите изјави и однесување во случајот Титаник врши притисок врз судиите.

Случајот Титаник повторно ја разбранува дискусијата не дали, туку какво влијание и притисок трпат судиите и како да се доплови до независно и ефикасно судство во Македонија – пишува Телма.

Видеото ОВДЕ