(ВИДЕО) Курдите ја поразија Исламската држава во ирачкиот град Синџар

0
971

Kurdish peshmerga fighters take position in Bashiqa, near Mosul.

Ирачките курдски борци, пешмерга ја презедоа контролата врз центарот на стратешкиот северен ирачки град Синџар.

Курдските борци го поставија курдското знаме во центарот на градот и почнаа да стрелаат во воздух, како израз на славење дека нивната офанзива е успешна, изјавуваат очевидци, јави БТА.

Борците пешмерга ја почнаа офанзивата вчера и порано денеска навлегоа од сите страни во Синџар, кој беше под контрола на Исламска држава.

Офанзивата е поддржана од САД со воздушни напади.