(ВИДЕО) Куновска: Повеќето градови во Македонија се 365 дена под канцероген облак

0
595

Screenshot_113-574x320

Скопје имаше катастрофален земјотрес во 1963 година. Овој земјотрес однесе 1100 жртви. Со овие политики според статистиките на Светската здравствена организација и Светската банка од загадениот воздух умираат 1350 луѓе годишно. Оваа власт предизвикува елементарна непогода иста на еден земјотрес секоја година, и поголем од 1963 година, рече пратеничката Софија Куновска во однос на информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, на 74-та седница на Собранието на Македонија.