Шестмина бодигарди, службено возило и шофер. Ова му следува на Никола Груевски на државна сметка по заминувањето од премиерската функција, потсетува Телма.
Обезбедувањето ќе биде од редовите на единицата за обезбедување на лица и објекти од МВР, додека шоферот и возилото сам ги бира.
Со измените на законот за Влада кои беа изгласани на почетокот на 2013 та година екс претседателите на владата ги добиваат овие бенифиции.
Обезбедувањето се избира од страна на претседателот на Владата на кого му престанала функцијата. Тој ова право го остварува во период ист со периодот на времетраењето на извршувањето на функцијата претседател на Владата и започнува да го остварува од денот по престанување на функцијата.
Груевски е првиот екс премиер кој ги добива овие погодности и тоа благодарение на неговите сопартијци Александар Николовски и Илија Китановски кои ги предложија измените.
За тогашната опозиција пак ова беше себично задскривање зад сопартијците
Во младоста боксер во лесна категорија, во владеењето себеси се преставуваше како ловец на криминалци.
Токму со ова образложение со широки раце Груевски си ја осигура иднината. И тоа за во наредните десет години, оти колку време владеел толку и ќе биде со 24 часовно обезбедување, шофер и возило.
Сепак дали векот на овие бенифиции ќе биде само неколку месеци ќе се знае по 24 април за кога тој најавува нови избори. Емил Димитриев е новиот премиер, и за него како и за Груевски ке важи законот.
Ама ако остане само неколку месеци на премиерското место тогаш државата на него ќе потроши помалку, оти за него само една година ќе важат овие привилегии.