(ВИДЕО) Исклучените од парно греење со пожестоки протести во Новата година

0
439

Иста локација, исти желби, Новата година за исклучените од парно греење продолжува со нов протест. 41 сабота граѓаните не отстапуваат од барањето Регулаторната комисија и Балкан енерџи груп да се откажат од присилното наплаќање на паушален надоместок за греење, услуга која не ја користат со години. Велат, дека последен пат државата со нив си поиграла на 28 декември, пред само пет дена, кога пратениците од владејчаката партија не ги поддржаа предлог измените во законот за енергетика, пренесеТелма.

Со измените се предвидуваше домаќинствата кои немаат склучено договор од член 118 на овој закон или не биле корисници на топлинска енергија или престанале да бидат корисници на топлинска енергија, да не плаќаат надоместок, а ги предложија СДСМ, НСДП и ЛДП. Токму со овие измени ќе се зибегнаадолгите судски спорови кои најчесто завршуваат негативно за граѓаните, велат учесниците на денешниот протест.

Повеќе од 12 илјади исклучени со години плаќаат паушали од 700 до 1200 денари,. Уставниот суд во 2009 година ја укина одредбата со која на граѓаните им се наметнуваше да плаќаат 50 отсто од сметката за парно. Но, потоа се прогласи ненадлежен за дополнитленото толкување на правилнците, според кои граѓаните плаќаат паушали, иако не ги користеле услугите на „Топлификација“.

Видеото ОВДЕ