(ВИДЕО) Заробен припадник на Исламската држава плаче како мало дете

0
596

Припадник на ИСИС плачел како мало дете кога го заробиле Курдите. Видеото кое се појавило на социјалните мрежи предизвика лавина кометари на потсмев.

Заробеникот немал видливи повреди, ниту пак трагови на мачење додека седел на задниот дел на автомобилот. Освен знамето на Курдите, никој не потврдува каде точно е снимено оваа видео.

Облечен во цивилна облека, со врзани раце и превез преку очите, овој терорист барал помош. Покрај него, Курдите заробиле уште еден припадник на ИСИС, кој во тишина седел покрај него.

Многумина наведуваат дека терористот плачел бидејќи бил повреден во левата нога.

Иако видеото се појавило минатиот декември, сега предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.