Изјава на лидерот од СДСМ Зоран Заев :
Почитувани претставници на медиумите, почитувани новинари, медиумски работници,
Прво дозволете да ви се извиниме, иако не е по наша вина оваа непријатна ситуација, да чекате овде цел ден.
Почитувани граѓани,
За нас не се прифатливи избори без навремена регулација на медиумите и и без навремено прочистување на Избирачкиот список.
Ако се одржат избори на 24 април, ние на такви избори нема да учествуваме, а ќе продолжиме да се бориме за фер, регуларни и демократски услови за одржување избори.
Ќе продолжиме да се бориме за слободна и демократска Македонија.
Одговор на новинарско прашање:
Медиуми: Дали тоа значи дека пропаднаа преговорите?
Заев: Пропаднаа преговорите, нема договор, ќе ги добиете сите детали.