(ВИДЕО) Заев: Императив се исполнување на обврските од Пржино за чист изборен процес

0
1338

Императив се исполнување на обврските од Пржино за чист изборен процес – изјави лидерот на опозицијата Зоран Заев на вечерашната прес-конеренција.

 

„Човекот кој што одлучуваше за животот и смртта и кој може слободно да живее во Македонија, а кој не. Човекот кој заедно со неговата фамилија и братучедот Мијалков и кумот Ставрески узурпираше се за свое лично богатење јасно му е дека на тоа денеска му дојде крајот. Никола ти не си Македонија. Ова не е крај. Ова е почетокот на крајот на една корупирана, фамилијарна, расипничка и недомкратска власт.“.

Тој ги повика сите граѓани на Македонија за сите заедно да ја вратат слободата, демократијата, правдата и европските вредности во земјата. Заев не посочи дали тој се согласува изборите да бидат одржани на 24 април или пак ќе бара одложување.