(ВИДЕО) Жерновски: Правна разрешница е кога во затвор ќе завршат оние кои ја предизвикаа кризата

0
823

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски вели дека власта ќе направи се за да ја спречи работата на Специјалното јавно обвинителство, се со цел оние луѓе кои треба да бидат предмет на нејзина работа да се спасат за да не завршат во затвор, пренесе А1он.

„Ние не можеме да излеземе од оваа криза ако нема правна разрешница, а правна разрешница е тие што го сторија ова да завршат во затвор. Вистински датум за избори е кога ќе има вистински услови за фер и демократски избори. А тоа ќе биде кога ќе се прочисти избирачкиот список“, рече Жерновски.

Видеото ОВДЕ