(ВИДЕО) Жерновски: Не сакаме булдожери, но редот и законите мора да се почитуваат

0
413

Уште девет дена остануваат од 30-дневниот рок кој што Општина Центар го даде на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и на изведувачот „Бетон“, сами да ја отстранат нелегално изградената тераса, пренесува „А1он“.

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, одговорајќи на новинарски прашања, денеска рече дека досега не видел дека нешто се презема.

„Ние и дадовме рок на политичката партија сама да ја отстрани дивата тераса. Ние не сакаме булдожери, но не сакаме да влеземе и во политички замки“, рече Жерновски.

Ова, посочи, е само дел од редовните активности кои ги презема Општината, за ред и почитување на законите. Редовно се мери и бучавата и загаденоста во Општина Центар.

Видеото ОВДЕ