(ВИДЕО) Жерновски: Категорично ја отфрлам изјавата на Бујар Османи дека во магацините на општина Центар се чуваат трите споменика на албанските дејци

0
1002

Одговорајќи на новинарско прашање, како ја коментира изјавата на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, дека во магацините на општина Центар се чуваат трите споменика на албанските дејци и дека општината го кочи нивното поставување, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, одговори дека ова не е точно и дека не знае од каде се ваквите сознанија на Османи, пренесува А1он.

“Такви споменици немаме. Точно е дека ние како општина треба да ја завршиме процедурата. Реализацијата е во тек. Јас разговарав со неколку фактори од другата страна и од ‘Бетон’ треба да се направи постамент. Веќе изјавив дека нема да го спречувам ова и дека намерно, меѓу двата изборни круга на локалните избори, само спомениците, значајни за албанската историја, се оставени, но на ваквите провокации нема да наседнам. Не знам од каде се сознанијата и категорично ги отфрлам“, рече Жерновски.

Видеото ОВДЕ