(ВИДЕО) Груевски преку платежната агенција крие каде завршуваат парите на земјоделците

0
1104

Прес конференција на  дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски:

Се наоѓаме пред зградата на фамозната „Платежна агенција“ за распределба на земјоделските субвенции.

Зад овие врати е најтаинствената и најбитната институција во секторот земјоделство, за братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Преку оваа контроверзна институција се распределуваат милионски суми на земјоделски субвенции на луѓе блиски до фамилијата. Со потписите на директорите на агенцијата, министерот за финансии, кумот Ставрески, а по налог на Груевски, милиони евра завршуваат кај новопечени агробизнисмени и богаташи, блиски до фамилијата.

Од субвенциите за земјоделците пари земаат и пратеници, нивни фирми, директори и раководители.

Затоа уште од првиот ден со влегувањето во министертсвото писмено побаравме да видиме колку пари се предвидени и потрошени, односно кој се има добиено од парите на земјоделците.

Еве ги дописите на кои нема одговор.

По налог на власта, во оваа агенција владее тишина и молк, нема отчет за ниту едно потрошено евро. А велат дека годишно трошат над 100 милиони евра пари на и од сите граѓани. Нема одговор за тоа колку субвенции добиле ЗК ПЕЛАГОНИЈА на Орце Камчев, фирмата ДУШАН ЌИРИЌ на Кире Шошев, ЗЕМСИЛ- фирма ќерка на СИЛЕКС, пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Весна Пемова, пратеникот Крсто Муковски преку фирмата АТРИУМ заедно со фирмата ВИА ВИНАРИЈА на шефицата на кабинетот на Трајко Вељановски, Сања Спасеновска, градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев,  како и таканаречените лидери на земјоделците Вељо Тантаров, Никола Стаменов, Данчо Милевски и Ефтим Шаклев.

Нема отчет. Нема транспарентност.

Но, овде не застануваме, нема да дозволиме да ја сокријат вистината. Вистината за тоа како се трошат овие милиони евра народни пари, дали се врши контрола и дали парите одат кај луѓе блиски на фамилијата ќе се дознае.

Ова е прекршување на договорот од Пржино, ова е грубо кршење на законите на оваа држава.

Секој денар на граѓаните мора да се знае каде е потрошен. За ова се одговара. Одговорност ќе има! Вистината ќе излезе на виделина, а оние што го прекршиле законот, ќе одговараат. Македонија тргна по незапирлив пат ко