Thursday, April 17, 2025
17.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Груевски го најави како интернационален, но универзитетот ќе биде само на албански јазик?!

Жестока собраниска расправа за новиот универзитет “Мајка Тереза”. Иако премиерот Грувски го најави како интерналионален универзитет, собраниската расправа разоткри нови детали. Според ресорниот министер Адеми наставата ќе се одвива на албански јазик а македонскиот ќе се изучува како наставен предмет. На англиски ќе има само две студиски програми-за информатика и европски студии, пренесе 24 Вести.

За пратениците од опозициската ДПА ова е уште еден договор на владините коалициски партнери и уништување на тетовскиот универзитет.

Пратеникот Ејуп Рустеми од ДУИ вели Албанците со нов универзитет во Скопје Албанците ќе добијат нови можности за студирање на дефицитарни струки.

Несериозно е вели пратеничката Созла Грчева постапка за универзитет да се носи по скратена постапка и без анализа и елаборат. Нејасно е според неа кој од македонските студенти би се запишал на овој универзитет во кој ќе има само 3 предмети на македонски јазик.

Иако законот се носи по скратена постапка во собранието, елаборатите за 14 студиски програми на новиот универзитет биле доставени до Одборот за акредитација и во октомври добиле позитивно мислење-тврди министерот Адеми. Новиот универзитет е предвидено да има 5 факултети, градежен, економски, технолошки, како и за информатички и социјални науки.

Видеото ОВДЕ

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ