Филмот Војна на ѕвездите го сруши претходниот рекорд на заработка од прикажување за време на првата премиерна вечер, рекорд кој со заработка од 43,5 милиони долари го држеше едно од продолженијата на Хари Потер.
Новиот рекорд според експертите од филмската индустрија е 57 милиони долари и се очекува филмот да заработи преку 200 милиони долари само во Америка и Канада за време на викендов.