(ВИДЕО) Богоев: Тргнете по Катица, само да не тргне народот со клоци по Груевски!

0
1261

Говор на пратеникот Стефан Богоев во Собранието на седницата за буџетот на Специјалното обвинителство:

ВМРО-ДПМНЕ и пратениците кукаат, плачат и бараат отчетност како се трошеле државни пари. Која иронија колеги. Па и парите коишто цело СЈО ги работи година дена, колку опашката на Букефал се.

600 илјади евра Мерцедес не прашувате како се потрошени, сега ви текнува да кукате, ВМРО-ДПМНЕ да бара отчетност? Јаве ли е инсомнија ли е, проценете сами?!

Колку ли е болно сами да си потпишете и сами да си гласате за тој што ги гони криминалците во вашите редови!?

Гледаме по медиумите во општина Битола и градоначалникот Талески се под сериозно чешлање на Специјалното јавно обвинителство. А, има и зошто, сите слушнавме и видовме од проектот Вистината за Македонија, т.н. “бомби”.

Кој си ја има мувата на капата, нормално е да си ја ишка.

Престанете вие, и вашите челници од Владата, од партијата и политичкиот пензионер Груевски, престанете со притисок и опструкции на Специјалното јавно обвинителство, коешто заедно го избравме и гласавме.

Груевски спомнува народ, клоци. Престанете со опструкции на Катица Јанева, да не се сврти народот со клоците па да удри по Груевки.

На ВМРО-ДПМНЕ му тече низ ногавици, тик так – тик, так.

 

Тргнете по Катица, само да не тргне народот со клоци по Груевски! На ДПМНЕ му “тече низ ногавици” !

Posted by Стефан Богоев on Wednesday, January 27, 2016