(ВИДЕО) Јаневиќ: Груевски да каже дали прифатил изградба на бегалски кампови во државата?

0
676

„Либерално-демократската партија внимателно ги следи и е длабоко загрижена за актуелните проблеми со бегалската криза во Европа и моменталните случувања во државата.

Вознемирува фактот што токму нашата држава се’ почесто се спомнува како своевиден  „бегалски камп”, кој треба да ги сопре бегалците и на тој начин да ги обезбеди границите на земјите членки на Европската Унија.

Либерално-Демократската партија, јавно и недвосмилено бара одговор од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дали неговата партија прифатила на македонска територија да се градат бегалски кампови, во кои би се вдомиле од 30.000 па се’ до 100.000 бегалци, притоа целосно занемарувајќи ја безбедноста и сигурноста на македонските граѓани?

Поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, пред медиумите излезе со сознание дека Европската комисија ќе гради одредени објекти длабоко на македонска територија, далеку од грчката граница, додека пак австриската Влада и официјално се откажа од политиката на „добредојде за бегалците”, рече на денешната прес конференција портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ.