(ВИДЕО)Шилегов: Пoради блокадата на ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната комисија пропадна

0
403

На истекот на крајниот рок за работа на Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето сакам да ја известам јавноста дека Анкетната комисија, поради бојкотот и блокадата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, не успеа да ја исполни својата функција. Тоа значи дека уште една точка од договорот во Пржино останува неисполнета, рече на денешната прескоференција Петре Шилегов, пратеник и претседател на Комисијата.

– Дадовме пред десетина дена последна шанса или шанса доволно коректна на Никола Груевски и на Трајко Вељаноски, да одржиме седница на која јавно ќе биде сослушан, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, да даде исказ пред целокупната јавност. Истиот одбра наместо да се соочи со пратениците во Собранието на Република Македонија, да му ги постават прашањата за коишто е заинтересирана целокупната јавност, да донесе одлука за незаконско распуштање на Собранието на Република Македонија. Од овие причини, сметаме дека оваа точка од договорот од Прижино, нема да може да биде исполнета, бидејќи Анкетната комисија нема да може до крајот на јануари месец коишто е за еден работен ден од сега, да достави до Собранието Извештај за својата работа и всушност покажува немање политичка волја од ВМРО ДПМНЕ, да се имплементира договорот од Пржино – рече Шилегов.

Ќе бидеме денеска сведоци, додаде тој, на една драмолетка, започнување на работата на една контра-анкетна комисија која што ВМРО-ДПМНЕ, ја измисли со цел да направи обид во јавноста, да се издначи злосторникот и оној кој го соопшти злосторникот.

– СДСМ своето мислење во однос на оваа контра-анкетна комисија веќе го има јавно соопштено и немаме намера да учествуваме во евтината драма и театар која што ВМРО-ДПМНЕ сака да ја приложи во јавноста – рече Шилегов.