(ВИДЕО)ХОРОРОТ СО НАРОДНИ ПАРИ НЕМА КРАЈ: Прилепскиот Дом за стари лица како дом за казненици

0
1873

Блокираната сметка ги остави без греење и без доволно храна 140 станари во Домот за стари лица во Прилеп. На штитениците кои и самите плаќаат за услугите им се закануваат извршни решенија за наплата на долгови.

Анализите покажуваат дека всушност Домот за стари лица и последните две години трошел многу повеќе отколку што имал приходи, а при тоа бројот на лица ангажирани и од самофинансирачки активности останал ист!

Штитениците, семејствата и граѓаните не знаат каде исчезнуваат народните пари кои се влеваат на сметката на домот?

Сторијата е дел од проектот „It’s Your Money” на Фондацијата Метаморфозис која продуцираше шест кратки видео стории за трошењето на општинските буџети наспроти потребите на граѓаните.